Облечена во бел фустан со длабоко деколте, македонската мисица Кристина Спасеноска продефилира на пистата во Бали. Дваесет и едногодишната кичевчанка на финалното претставување на девојките излезе со фустан од младиот дизајнер Менсур Алими. Таа го освои 73. место, од вкупно 126 кандидатки во изборот за Мис на светот.
Лидија Неделковска, организаторката на Мис на Македонија за Мис на светот, во изјава за дневниот весник „Вест“ изјави дека и 73. место е успех.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.