| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: Можни се предвремени парламентарни избори во Србија

Како што пренесуваат српските медиуми, Александар Вучиќ, првиот вицепремиер во српската влада и лидер на Српската напредна партија, изјавил дека е можно оддржување предвремнени парламентарни избори во земјата доколку меѓу граѓаните има такво расположение.

Во Белград со сигурност ќе има вонредни избори“, посочи Вучиќ, кој, меѓутоа, не исклучи и можни предвремени парламентарни избори, доколку јавноста тоа го сака.

-Сметам дека во овој момент не ни се неопходни предвремени парламентарни избори. Сметам дека волјата на народот е јасна. Но, ако во Србија постои таква атмосфера да не можете да работите и живеете затоа што сите други се многу поуспешни, со нашите коалициски партнери треба да разговараме и да видиме кое е најдоброто решение, изјави Вучиќ.

Тој, меѓутоа, истакна дека Србија има многу поголеми проблеми од изборите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top