| четврток, 6 декември 2018 |

Таткото на Лионел Меси оди во затвор за да го спаси син му

Лионел Меси вчера се појави пред суд на првото сослушување за обвинувањето дека затајувал данок.

Шпанската даночна управа го обвини Лионел Меси дека затајувал данок во износ од околу четири милиони евра.

Со оглед на тоа дека обвинувањата се многу сериозни, таткото на Лео, Хорхе Меси ја превзема вината врз себе.

-Мојот син ништо не е виновен. Јас сум задолжен за неговите финансии. Тоа е моја вина. Ако некој мора да одговара, тогаш тоа сум јас, вели Хорхе Меси.

Германската тенисерка Штефи Граф своевремено имаше слична ситуација со даночните служби, а нејзиниот татко ја превзема вината и лежеше 15 месеци во затвор.

Доколку се докажат обвинувањата, таткото на Меси би можел да биде исуден на двегодишна затворска казна. Но, тоа не е се:

-Казната за затајување данок може да изнесува максимални 25 милиони евра, открил портпаролот на обвинителството во телефонски разговор за ТВ станицата Си-Ен-Ен.

-Грешката е моја. Плативме дел од данокот, но не целосната сума, и тоа ќе го исправиме, изјавил Хорхе Меси по вчерашното сослушување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top