| четврток, 6 декември 2018 |

Браќа од Сарај киднапирале девојка од која барале пари

policija

Двајца браќа од скопското село Сарај добија 30 дена притвор поради тоа што грабнале 38 годишна скопјанка од која барале пари.

И.И. (37)  од с.Сарај во средата околу 20,00 часот на ул.„Војдан Чернодрински“ во Скопје ја пресретнал Е.М.(38) од Скопје,  на излезот од осигурителната компанија „Теле Брокер“ лоцирана во објектот „ЈЕТИ„ во близина на пазарот Бит Пазар. Ја фатил за рака и заканувајќи и се да не вика и да не бара помош и наредил да се упати кон нејзиното ПМВ „Фолцваген Поло“ со скопски регистерски таблички кое било паркирано во непосредна близина, каде што ги чекал неговиот брат Н.И. (27). Кога  пристигнале пред автомобилот И.И. почнал да и се заканува по животот , барајќи од Е.М. да им даде 2000 евра, при што и удрил шлаканица и насилно ја внел во нејзиното возило. За цело време, со нив се движела и Р. С.(33) од Скопје,  која требало да си оди заедно со Е.М. дома, а во моментот додека траел настанот поминала и колешка на Е.М,  која веднаш реагирала прашувајќи ја што се случува. Притоа И.И. се свртел и и се заканил велејќи и  веднаш да си оди, по што истата од страв да не биде повредена си заминала, а воедно и Н.И. се заканил на  едно женско лице кое во моментот се нашло на местото на настанот , за да си оди, по што и тоа си заминало.

По ова, И.И. влегол во автомобилот, го стартувал и се упатил кон с. Сарај, а веднаш по нив тргнал и Н.И.  со своето возило „Венто“ со скопски  регистерски таблички.Кога пристигнале во с.Сарај, двајцата пријавени ја малтретирале и физички ја нападнале Е.М. заканувајќи и се дека доколку не им даде 2000 евра, ќе и го запалат нејзиното возило. Истите  паричните средства и ги побарале, под изговор дека немаат пари и неможат децата да ги прехранат, а таа морала да им помогне бидејќи од претходно знаеле дека  имала земено кредит. По ова, пријавените насилно ја качиле Е.М. во  автомобилот „Венто“ и ја однеле до пред нејзиниот дом, со цел истата да земе пари од дома и да им ги даде, но откако по околу пет до десет минути  виделе дека  не излегува од дома, го напуштиле лице местото, а  Е.М. настанот телефонски  го пријавила во полиција, по што  набрзо истите се пронајдени.

Инаку и претходно  И.И. е кривично пријавуван за сторени кривични дела,  повеќето од областа на имотните деликти, додека Н.И. досега не е кривично пријавуван.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top