Того е последниот четвртфиналист на 29. издание на африканскиот фудбалски шампионат, откако одигра нерешено 1-1 против Тунис. Адебајор и соиграчите за првпат во историјата на својата земја ја минаа фазата по групи на континеналното натпреварување, а противник за полуфинале ќе им биде Буркина Фасо.
Тунис имаше шанса да победи, но Калед Мулхи промаши пенал во 78. минута, откако во првиот дел во 30. минута го погоди првиот удар од белата точка. Тоа беше доволно само за израмнување, а Того мина понатаму благодарение на голот на Гакпе во 13. минута.
Во вториот дуел од последното коло во истата Д група, Брегот на Слонова коска одигра 2-2 во меч без резултатско значење против Алжир. БСК и пред овој меч беа сигурно први и ќе играат со Нигерија.
Во останатите две четвртфиналиња Гана за противник ја има селекцијата на Кејп Верде, вториот дебитант во нокаут фазата покрај Того, а Мали ќе се обиде да го изненади домаќинот Јужна Африка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст