| четврток, 6 декември 2018 |

Ивановски: Разоткриен е „Октоподот“ на Заев

Општина Струмица го има најголемиот тендерски скандал во Македонија, истакнаа денеска од ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија наведуваат дека 138.766.399 денари е вредноста на 29 јавни набавки кои до сега беа презентирани на јавноста, а ги доделил Зоран Заев и директорите кој тој ги поставува на фирми кои се во директна фамилијарна и сопственичка поврзаност со нив.

–  Општина Струмица и нејзините општински институции, да сублимираме, давале јавни набавки на фирми во кои сопственици се или биле: таткото на Зоран Заев, чичкото на Зоран Заев, братот на Зоран Заев и на неговиот бизнис ортак, братучедот на Зоран Заев, стрината на Зоран Заев, братучетката на Зоран Заев, снаата на Зоран Заев – – изјави Иво Ивановски на денешната прес конференција на владејачката партија.

Ивановски додава дека од СДСМ нема одговор на овој најголем тендерски скандал што се случил во Македонија, а ни партијата ни нејзиниот претседател не собраа храброст да ги признаат фактите и да признаат дека целата фамилија Заеви учествувала во овој организиран систем.

– Нивната одбрана се сведе на измислување и креирање на манипулации против лица од ВМРО-ДПМНЕ со цел да не заќутат. СДСМ се надеваше дека така работите ќе останат под тепих. Тоа ние никогаш нема да го дозволиме. Тоа не е начин на работа. – вели Ивановски.

ВМРО-ДПМНЕ го разоткри во целост системот во кој што Зоран Заев не е сам, туку вклучил и други високи партиски функционери на СДСМ. Доказ за тоа се јавните набавки од Општина Струмица кои ги добивал шурата на сегашниот пратеник на СДСМ Панче Орцев, а тој пак како директор на ЈКПД Комуналец за возврат давал јавни набавки на фирмите од Кланот Заеви.

– Целата јавност веќе го дознава скандалозниот систем на чија основа Зоран Заев креирал бизнис империја. Тој систем се вика „Октопод“. Политиката е само негов начин како да дојде до пари за фирмите од неговата фамилија – додава тој.

Ивановски истакна дека сите тврдењеа на ВМРО-ДПМНЕ се потврдени со документи и докази, додека сите прашања, изобличувања и тврдења од страна на СДСМ се со карактер на улично оговарање. Тој ги повика СДСМ и Зоран Заев да ја прифати моралната одговорност и да ѝ се извинат на македонската јавност.

– Ако Заев е најчесниот во СДСМ, тогаш можеме да замислиме какви се другите. СДСМ има сериозен проблем. СДСМ нема кредибилитет. Зоран Заев нема кредибилитет – завршува Ивановски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top