| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал во Центар: Касата празна, а пари за реклами секогаш има

Зголемена и поагресивна кампања се повеќе води Општината Центар по неколку печатени медиуми, а особено е забележлива онаа на македонските интернет страници, пишува Курир.

Општината е присутна и на интернет просторот преку повеќе динамични банери кои се наоѓаат на ударно место, а кои е познато дека се најскапите за рекламирање.

Бидејќи градоначалникот на Андреј Жерновски во најмалку три наврати повторуваше дека касата на општината е празна и дека во прашање се доведува подмирувањето на редовните трошоци за исплата на плати на вработените и нормалното функционирање на јавните претпријатија, останува отворено прашањето колку пари се трошат на реклами и поради очигледниот недостаток на средства кој беше констатиран од првиот човек на општината, од каде се обезбедуваат овие пари за редовна исплата на рекламите.

Екипата Курир пред неполни две недели се обратила до општината усмено, па потоа писмено со неколку конретни прашања, но иако од им беше ветено дека во најбрз можен рок ќе биде одговорено, по речиси две недели има целосен молк од општината Центар.

Целата приказна продолжува тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top