| четврток, 6 декември 2018 |

Спасени 92 киднапирани деца

Во едно од најобемните апсења во последните неколку години,кинеската полиција спаси 92 деца и две жени, кои ги киднапирала една криминална банда за да ги продаде, а притоа е приведено 301 лице, јавува агенцијата Ројтерс.

Полицијата неодамна извела истовремена рација на повеќе локации во 11 кинески провинции, после шест месеци истрага, јавиле државните медиуми, повикувајќи се на исказите на Министерството за јавна безбедност на Кина.

Засега не е објавено кога точно се спасени децата. Не е ни познато колкумина меѓу нив се момчиња, а колку девојчиња.

Традиционалната наклонетост кон момчињата, особено во селските области, и стриктната политика за едно дете, во последните години довела до зголемување на бројот на криумчарење на жени и деца.

Киднапираните жени им се продавани на мажи во руралните области кои не успеале да се оженат.

Државната телевизија навела дека на киднаперите ќе им бидат изречени строги казни. Кинеската агенција Синхуа додала и дека ќе бидат казнети и родителите кои ги продаваат своите деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top