„Македонскиот народ нема никогаш да прифати да биде преименуван и е невозможно ова прашање да биде решено сега, иако ние сме најзаинтересирани да најдеме решение“, рече премиерот Никола Груевски во обраќањето на Генералното собрание на ООН кое заврши пред околу половина час.
И додаде:
„Ако е невозможно да се најде решение кое го посакуваме искрено, и ќе биде компромисно, и најважно заемно прифатливо, тогаш некои други негерации во други околности ќе бидат во можност да го решат но врз основа на вредностите, позициите и принципите кои ги споменав претходно, и кои покажуваат фер решение без победници и поразени. Како и да е, јас лично мислам дека не смееме да го оставиме ова трнливо прашање на идните генерации, но мора да најдене солуција и сила да обезбедиме просперитет на земјите во регионот“.
Понатаму, премиерот се осврна на меѓународното право:
„Зошто постои меѓународното право ако не го применуваме. Ако се правиме слепи на оваа неправда, која е очигледно кршење на меѓународното право, тогаш ги кршиме постулатите на светскиотѕ мир. Ако не го почитуваме меѓународното право, ООН ќе се претворат во обичен дебатен клуб, без фундаметнални комптенеции“, доаде Груевски.
„Грција исто така го оспорува идентитетот на моите сограѓани, не дозволува да се викаат Македонци, ниту пак јазикот да се нарекува макеодонски, иако уште пред повеќе од половина век низ универзитетите во светот има оддели каде се изучува македонскиот јазик“.
Груевски додаде и дека му предложил на грчкиот премиер да има директни средби меѓу нив двајца, но Самарас тоа го одбил, што е доказ кој сака решение на овој спор, а кој не.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии



