| четврток, 6 декември 2018 |

Демолирани возилата на Општина Могила

opstina mogila

Две службени возила, едното на администрацијата на Општина Могила, а второто на градоначалникот Стево Пивковски вчера беа демолирани.

Возилата биле паркирани пред општинската зграда беа нападнати и буквално уништени, пренесе телевизија Тера.

Инцидентот се случил вчераутро помеѓу 9 и 10 часот. Случајот е пријавен во полиција.

Како што за Тера вели градоначалникот на Могила Стево Пивковски, полицијата го привела лицето, а потоа било пуштено. Едното од возилата било пратено на сервис и имало Каско осигурување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top