| четврток, 6 декември 2018 |

Меси сослушан во судот во Барселона поради затајување данок

Напаѓачот на Барселона и неговиот татко пристигнаа во судот за да одговорат за обвинувањата за даночно затајување.

Светскиот играч на годината и неговиот татко Хорхе негираат дека сториле нешто лошо, но наводно тие прикриле повеќе од четири милиони евра со поднесување нецелосни документи од 2006 до 2009 година. Хорхе прв се соочи со обвиненијата.

Тие веќе направија „корективна исплата“ до шпанските власти со што платија пет милиони евра поради неплатен данок плус камата.

mesi sud 1

Аргентинската двојка ќе биде сослушана во затворен суд во Гава, област во Барселона каде што живее Меси.

Приходот е поврзан со договори со Банко Сабадел, Данон, Адидас, Пепси-Кола, Проктер и Гембл и друго.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top