| четврток, 6 декември 2018 |

Со што се боцка Рита Ора?

Последните неколку години Рита Ора го живее животот на меѓународна музичка сензација, па затоа не нѐ чуди како мора да ја надополнува загубената енергија.

Рита Ора на својот профил на „Инстаграм“ покажа како ја одржува енергијата – со инекции со витамин Б12.

Нејзината стилистка на неа и на нејзината другарка Емили Роуз им стави Б12 во задникот.

rita ora 1

Витаминските инекции со Б12 се препорачани на оние што страдаат од замор, вртоглавици и недостиг од воздух. Сето тоа е резултат на недостиг од кислород во крвта.

Рита Ора не е прва која ги користи овие инјекции, пред неа тоа го направија Мадона, Џастин Тимберлејк, Кејти Пери, Џастин Бибер и Викторија Бекам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top