| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватките и сексот без обврски

Хрватски портал истражува колку сексот без обврски е прифатлив за жените во земјата која и географски и по менталитет ни е блиска. Но, и чии што старлети и фотографии од познатото јадранско приморје ги полнат медиумите. „Иако е сосема нормална појава, се уште е табу тема, особено меѓу женската популација“, вели порталот кој пренесува искуства на четири жени. Всушност, слични ставови можат да се слушнат и од жените во Македонија, каде сексот без обврски се практикува, но за тоа и тука се молчи. Барем јавно, па скоро сите „сознанија“ потекнуваат од мажите. _sp-seks-jedna-noc

Што всушност значи секс без обврски, прашува 32- годишната Лана која што ужива во новата љубовна врска. „НИкогаш не сум пробала, а ниту пак планирам, жена не може да го практикува него, бидејќи не познавам ниедна жена која може да се секса без емоции. А акло има емоции, има и очекувања.

Сличен став има е 28- годишната Горана која „еднаш пробала  со малку подобар познаник.“ Била сама, без дечко, но потоа се покајала.

-А, и не ми се допадна да го делам партнерот со други жени, додава.

Но, 34- годишната Нина нема проблем со сексот без обврски.

-Знам да бидам во такви релации, забавно е, опуштено и необврзно, сексот е добар и немам емоции кон тие мажи, па не ни патам при прекин на односот.

Ана, 31- годинша дизајнерка вели дека и во моментот е во таков однос, откако неодамна прекинала подолга врска.

-Не сакам да влетувам во нова, а ниту да си го скратувам сексот. Партнерот го разбира тоа, колега ми е од работа, постои хемија, но е и потенцијал за врска. Не гледам причина зошто некој би ги осудувал ваквите односи- додава таа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top