| четврток, 6 декември 2018 |

Кили се жалел на болки, сопругата стравува од најлошото

kili-intervju-02На Кирил Поп Христов или треба да му се дозволи соодветен здравствен третман, вели неговата сопруга, кореографката Гордана Деан-Поп Христова. Таа пред неколку дена го посетила Кили и тој се жалел на болки, а бил и видно ослабен, пренесува весникот „Вест“.

Таа стравува за животот на актерот бидејќи, како што вели, во затвор не може да добие соодветен медицински третман.

– Нему, освен лекар, не може никој друг да му помогне. Тој има голем израсток на грбот, што пенетрира накај срцето и белите дробови. Навистина му е лошо. Не дај боже, да му се случи нешто. Потресена сум и разочарана. Доколку не добие соодветен лекарски третман, не сакам ни да помислам дека може да му се случи најлошото – вели Гордана.

Кили, според неговата сопруга, се жалел дека рацете му отрпнуваат оти има болки и тешко дише.

Неговиот адвокат Владимир Данаилов пред десетина дена поднесе барање до Основниот суд Скопје 1 за промена на решението за притвор во мерка домашен притвор.  Како аргумент, до истражниот судија приложиле медицинска документација, со која се докажува дека актерот Поп Христов е со сериозно нарушена здравствена состојба и оти му е потребно итно лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top