Околу 300 вработени, колку што брои Јавното комунално претпријатие „Тетово“, од денес стапија во генерален штрајк кој се одржа пред административната зграда. Штрајкуваа сите работни единици и целата администрација, кои бараат исплата на заостанатите плати и придонеси за изминативе 4 месеци. Велат дека ќе штрајкуваат додека не го добијат заработеното. Во меѓувреме, поради нивното неработење градот ќе претрпи огромни последици.
Вработените од ЈКП Тетово поради истиот проблем со неисплатата на платите штрајкуваа и минатиот месец. Само на неколку вработени од Комунална хигиена им бил исплатен аванс од по 5000 денари, а останатите не добиле ниту денар. Тие се и без сини картони па мора де се лекуваат приватно. Еден вработен од ЈКП „Тетово“ поради неможноста да го плати лекувањето починал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.