Воените авиони на Бугарија немаат дозвола за летање бидејќи поранешната власт не извршила потребни сервиси, обзнани бугарскиот министер за одбрана Ангел Најденов. Само за модернизација на воените авиони МИГ-29 неопходни се 75 милиони евра.
– Владата на поранешниот премиер Бојко Борисов ни остави тежок мираз…Техничкиот век на тие авиони истекува во 2029 година и за нивни технички сервис до тој период неопходни се 250 милиони евра, изјави Најденов.
Според него, поради севкупната економска ситуација неможно е да се размислува за купување нови воени авиони, а поранешната власт ја обвини за големи неуспешни проекти и занемарување на основните јавни потреби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


