Собранието го донесе Законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за соработка при изградба на гасоводот – кракот за испорака на гас во Република Македонија.
Спогодбата ќе овозможи енергетска безбедност и стабилна испорака на гас преку „Јужен тек“. Согласно Спогодбата, Македонија се вклучува со крак, а од каде ќе се гради, дали од Србија или Бугарија, треба да одлучи „Газпром“.
Гасоводот „Јужен тек“ треба да заврши до 2015 година, кога ќе протечат првите количини гас кон Централна и Јужна Европа. Капацитетот на гасоводот е 63 милијарди метри кубни годишно или 14 проценти од вкупните потреби на Европа. Изградбата на гасоводот почна во декември 2012 година.
– Целта на Договорот е обезбедување еколошки, поекономичен енергенс што ќе го поевтини природниот гас. Тоа ќе биде голем потенцијал за намалување на трошоците за работа на стопанските субјекти и оттука, за зголемување на конкурентноста на македонскто производство, рече заменик-министерот за надворешни работи Зоран Петров, според кого крајниот бенефит ќе го почувствуваат граѓаните.
За опозицијата, со ратификувањето на Спогодбата се влегува во авантура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ново продолжение на Собранието за бришење на РМ утре во 11 часот
-
Предлог законот за амнестија на лицата обвинети за „27. април“ не е усвоен
-
Нов закон во Франција: Казна три години затвор и 45.000 евра за секој политичар што ќе си вработи член на семејството
-
Почнува собраниската расправа околу ребалансот на Буџетот


