Почна судењето за стравичниот случај на педофилија и подведување кој ја стресе Хрватска, откриен во близина на Славонски Брод. Со обвинение за подведување и општење со малолетнички , на суд се 53- годишниот Ј.С. и 23- годишната С.У. осомничена за подведување на трите малолетни сестри. На обвинителната клупа се и четворица клиенти
Целиот случај ја стресе земјата заради погрешната одлука на Центарот за социјална работа. Во социјално загрозено многудетно семејство, институцијата ги зема најзагрозените деца додека другите ги остава на семејството, што се покажа како лоша одлука- најстарата ќерка почнува да ги подведува за секс за пари помалите 13,14 и 15 годишни сестри.
Сега со казна се соочуваат и родителите заради немарност, но и работниците во Центарот. За случајот да биде уште покомпликуван, 53- годишникот е веќе осудуван за исти дела, а меѓу жртвите била и 23-годишната негова соучешничка- постара сестра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


