| четврток, 6 декември 2018 |

Му донела опомена од УЈП, ја нападнал службеничка и ги запалил документите

ujp danok222Службеничка на УЈП која вршела достава на опомени за неплатена радиодифузна такса на граѓани, била физички нападната од даночен обврзник. Истовремено брутално ѝ ги одзел и запалил службените акти. Даночна службеничка која работела како самостоен даночен референт од Даночно одделение во Куманово, при вршење на службените должности била спречена и физички нападната од даночен обврзник.

– Иако ваквите инциденти се исклучоци, УЈП изразува згрозеност од бруталноста и навредите кои се упатуваат кон даночниците, а посебно кога се доведува во прашање безбедноста и здравјето на вработените при вршење на професионалните должности – велат од УЈП.

УЈП случајот го пријавил во СВР Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top