Денеска е пуштен во употреба обновениот и проширен пат што ги поврзува населбите Горно и Долно Лисиче. Во обновата на патот, во должина од 3,6 километри и ширина од шест метри, се вложени 24 милиони денари, обезбедени од Европската банка за обнова и за развој.
– По патот претходно не можеше да се движат автомобили кога имаше поголема количина вода, а имаше и големи дупки. Во еден период имаше и забрана за движење на автобуси. Станува збор за инвестиција од 400.000 евра. Овој пат е само еден од стотината што се реализирани во последниот период – изјави министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.