| четврток, 6 декември 2018 |

Де Шилјо, Ел Шарави и Монтоливо спасија жива глава во сообраќајка

Фудбалерот на Милан, Матија де Шилјо, остана неповреден во сообраќајна несреќа кога се судрил со два автомобила на автопат во Италија.

Де Шилјо го возел својот автомобил „ауди“, а, како што пишуваат медиумите, со него во автомобилот биле клупските соиграчи Стефан ел Шарави и Рикардо Монтоливо.

Иако Де Шилјо не бил повреден, сепак е пратен во болница. Тој моментно не игра за Милан поради операција на коленото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top