| четврток, 6 декември 2018 |

Петти пат продолжен притворот за Кежаровски

kezarovski-7

Нови 30 дена притвор или петти по ред за новинарот Томислав Кежаровски, обвинет во досието „Ликвидација“.

Нови 30 дена притвор или петти по ред за новинарот Томислав Кежаровски, обвинет во досието „Ликвидација“. Освен на новинарот, притворот одново им е продолжен и на останатите обвинети во предметот, судијата Иле Танев, обвинителот Ивица Ефремов и адвокатот Валентин Зафиров.

Иако адвокатите најавуваат жалби на решението за притвор, извесен им е одговорот затоа што неколку пати досега жалбите се одбивани, а судот не прифати ниту кауција за некои од обвинетите да излезат од притвор.

Судскиот процес „Ликвидација“ продолжува в понеделник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top