| четврток, 6 декември 2018 |

ММФ: Албанија е презадолжена

Albanija,Tirana, trg skenderbeg 0409 2008,snimioD.MILOVANOVIC

Државниот долг на Албанија расте со загрижувачко темпо, ги предупредиле експертите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) претставниците на Министерството за финансии на Албанија на средба одржана во Тирана, на која била разгледувана реализацијата на државниот буџет на земјата.

Повикувајќи се на извори од Министерството за финансии, албанската агенција АТА јави дека главни теми на средбата биле пензискиот систем и социјалното осигурување.

Во текот на оваа недела претставници на ММФ во Тирана имаа средба и со директорот на Агенцијата за управување со државниот долг, на која била анализирана структурата на албанскиот долг, што, меѓу другото, ги вклучува и обврските на државата кон фирмите.

Според Фондот, долговите кон фирмите претставуваат голем проблем за Албанија.

Претставниците на ММФ се сретнале и со гувернерот на Албанската централна банка, Ардијан Фулани, со кого разговарале за неопходноста од утврдување фискални правила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top