| четврток, 6 декември 2018 |

Во Британија првото реално шоу со оргии во живо

sex shou
„Секс бокс“ (Sex Box) наскоро ќе почне да се емитува на британскиот „Канал 4“.

Во него, според најавите, двојките ќе имаат секс речиси пред самата публика во студиото. Ќе бидат сместени во заматена и звучно изолирана комора сред студиото во која ќе водат љубов, а веднаш потоа ќе дебатираат за тоа со водителката!
Шоуто, кое има цел да ја „нагласи разликата помеѓу сексот и порнографијата“, ќе го води Мариела Фроструп, во коментирањето со гостите ќе ѝ се придружи психијатарот Филип Ходсон, стручњакот за секс и за врски Трејси Кокс и американскиот секс-колумнист Ден Севиџ, пишува „Индепендент“, а во него би требало да се промовира „отворена дискусија поврзана со „реалниот секс“ во времето на експлозијата на онлајн порнографијата“.
Меѓу двојките кои ќе имаат секс во студиото ќе се најде и лезбијка, која се надева дека ќе ги урне митовите за хомосексуалниот секс, и хетеросексуална двојка на своја 20-годишна возраст која смета дека луѓето за сексот не зборуваат доволно отворено. Шоуто е дел од кампањата на „Канал 4“ наречена „Реална секс сезона“.
Реалното шоу ќе почне да се емитува на 30 септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top