Ако ДПА ја победи ДУИ на локалните избори, макар со еден глас повеќе, Мендух Тачи ќе бара распишување предвремени парламентарни избори. Тоа го изјави лидерот на ДПА по средбата со премиерот Никола Груевски, која траеше околу половина час, а се случи по покана на премиерот.
Според кратката изјава што ја даде Тачи по завршувањето на средбата, која предизвика голем интерес во јавноста, тој со премиерот се согласил дека евроинтегративниот процес на земјава треба да биде приоритет за сите партии. То додаде дека Владата е одговорна за изборниот процес „бидејќи располага со сите инструменти за да одржи фер и демократски избори“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии