За да го спасат хрватскиот буџет, властите го зголемуваат ДДВ за угостителството и за туризмот до 13 проценти до крајот на годинава. Исто така, ќе се зголемат акцизите на бензин и на дизел горивата, како и на тутунот и на цигарите. Меѓу интервентните мерки ќе има и засилена борба против црниот пазар на имот за изнајмување. Веќе се најавени кратења на привилегираните пензии за 10 проценти, освен за убиените или исчезнати во војната. Додека трае ситуацијата, никој во администрацијата нема да добие унапредување. Ќе се пензионираат сите што исполнуваат услови, а ќе бидат отпуштени и сите надворешни услуги, кои не се директно поврзани со администрација. Загреб сериозно се потпира и на продажба на Кроација- осигурување и на Х.П.Б до крајот на годинава, а до крајот на 2014 година ќе треба да почнат и приходите од автопатот. Ова се само дел од зафатите на хрватската влада, меѓу кои има и други од кои не се пчекува поголем економски бенефит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.