Претседателот на Советот за култура на Ватикан, кардиналот Џанфранко Равази, вели дека Исус бил првиот што бил активен на „Твитер“, пренесе „Нетпрес“.
„Христос пред сите во светот користел „Твитер“ бидејќи неговите реченици биле кратки, суштински, како „Сакај го блискиот свој’“, вели „министерот за култура“ на состанокот „Суд за безбожниците“, дијалог меѓу верниците и неверниците, кој го покрена претходниот папа Бенедикт Шеснаесетти.
Кардиналот ги споменал и параболите на Исус, кои, за разлика од телевизијата, упатувале порака преку некоја приказна и симбол.
– Ако свештеникот не е заинтересиран за комуникација, тогаш не припаѓа на ова министерство – додал Равази.
На состанокот на кој присуствувале претставници на италијанските медиуми, се зборувало и за „непристрасноста и одговорноста“ на новинарте при известувањето.
Тој состанок се случил откако весникот „Република“ објави долго писмо од поглаварот на Римокатоличката црква, папата Францис, до основачот на овој дневен весник Еуџени Скалфари. Во тоа писмо папата одговарал на прашањата на новинарот кој се декларира како атеист.
Форумот или дијалогот „Суд за безбожниците“ го добил името според древниот храма во Ерусалим каде што можеле да влезат и оние кои не биле Евреи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.