| четврток, 6 декември 2018 |

Билјана бели платно во Охрид

biljana platno belese

Приказната за најпозната охридска девојка Билјана, која белела платно на Охридско Езеро, на туристите цело лето им ја раскажува охриѓанецот Ѓоко Јанески. Овој човек на еден несекојдневен и иновативен начин сака да ја доближи легендата за Билјана до домашните и странските туристи, пишува „Радио Слободна Европа“.
Ние сме од Охрид и оваа идеја е стара и никој за овие 50 години не ја реализира. Јас сум тој што се сети и што сакав да дадам шмек на Охрид. Билјана е заборавена тема иако во времето на Југославија беше поприсутна. Со ова ја обновивме легендата на Охрид.

Дрвена кукла која бели платно е поставена на градското пристаниште во Охрид, а туристите можат да се облечат во нејзината облека, па дури и да се фотографираат со неа за само 100 денари или, пак, да купат некој од сувенирите. Јанески вели дека оваа идеја била стара, но оти досега не ја реализирал и оти на гостите им ги објаснува сите детали поврзани со легендата за охридската убавица.

– Планираме да има повеќе Билјани. Да има една Билјана со пиралка, друга со ѓумови. Ова е голема тема. Ова е нешто што го нема никаде на планетата. Билјана порано беше присутна на сите проспекти за Охрид, а таа сега е заборавена и неа ја нема на ниту еден проспект. Билјана платно белеше се пееше и во Кина, така едноставно се наместени нотите – вели Јанески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top