По 21-часовниот непрекинат говор на републиканскиот сенатор Тед Круз против буџетот кој го предвидува почетокот на здравствените реформи, познати како „Обамакер“, со што се блокираше Сенатот на САД, републиканците излегоа со понуда до американскиот претседателот Барак Обама да се избегне финансиската блокада на американската централна влада. Доколку до 1 октомври во поделениот Конгрес не биде постигнат договор за буџетот, Владата на САД ќе остане без пари и ќе почне постепено затворање на сите институции.
Демократите и републиканците се во судир околу повеќе прашања, кои ќе бидат на агендата почнувајќи од 1 октомври кога „Обамакер“ стапува во сила, а истекува буџетската резолуција со која во отсуство на буџет привремено се финансира централната влада, додека во средината на октомври САД ќе ја надминат законската граница на долгот, која изнесува 16,7 трилиони долари. За сите овие прашања потребна е согласност на двете партии, од кои секоја контролира по еден дом на Конгресот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.