| четврток, 6 декември 2018 |

Ал шабаб: Странците се легитимни цели

kenija2

 

Екстремистичката исламистичка група Ал Шабаб, која во саботата изврши терористички напад врз трговскиот центар Вестгејт во главниот град на Кенија, соопштија дека странците се нивна „легитимна мета“ и потврди дека напаѓачите ги одвоиле муслиманите од останатите посетители по што ги ослободиле.

Во соопштението испратено до агенцијта Асошиејтед прес, организацијата наведува дека во нападот била спроведена педантна проверка за да не бидат повредени муслимани.

Од потврдените 67 жртви 18 биле странци, а меѓу нив имало шест Британци и Французи, како и граѓани на Канада, Тринидад, Холандија, Австралија, Перу, Индија, Гана, Јужна Африка и Кина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top