| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска средба Попоски-Венизелос во Њујорк

попоски никола

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Њујорк ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос, потврдија за МИА во македонското МНР.

Средбата е закажана во 12 часот по њујоршко време, а се одржува на маргините на 68-то Генерално собрание на ОН. Тоа ќе биде втора средба на Попоски и Венизелос. Првата беше одржана на 22 јули во Брисел. Централна тема на состанокот се очекува да биде спорот за името.

Венизелос пред неколку дена по средбата со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изјави дека Атина инсистира на својата позиција за име со географска одредница за севкупна употреба, што би подразбирало и промена на Уставот на Република Македонија.

Попоски пак му реплицира дека е уникатност да се перцепираш како лулка на демократијата, а истовремено да бараш Устав на една земја да се дефинира не од нејзиниот народ, туку од Влада на друга држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top