| четврток, 6 декември 2018 |

Мапа на сите пријателства склопени на Фејсбук

Се повеќе пријателства се склопуваат на фејсбук. Според последната мапа, што основачот на фејсбук, Марк Зукерберг, бројот на пријателства склопени преку социјалната мрежа расте.

На мапата корисниците се означени со бели точки, со сини линии се поврзани. Така се гледа каква е интеракцијата помеѓу сите корисници на најпопуларната социјална мрежа, а според последните податоци ги има 1,11 милијарди.

За разлика од мапата од 2010 година, кога фејбук имал 500 милиони корисници, популарноста на фејсбук значително е зголемена во Африка, Јужна Америка и Индија. „Црна дупка“ е Кина, чија влада не е голем обожавател на социјалната мрежа. Во оваа комунистичка земја е збаранет фејсбук.

Русија е уште една темна област на мапата, каде Фејсбук е втора мрежа, по популарната VKontakte.

Мапа од 2010 година со 500 милиони корисници

Мапа од 2010 година со 500 милиони корисници

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top