| четврток, 6 декември 2018 |

Секс на сите четири страни на светот

Пронајдете инспирација од сите делови на светот и препуштете се на уживањето.

Кина

Кога патувате некаде со партнерот, земете со себе некој секси фустан и искористете го на секое место кое е соодветно за секси игри. Врзете го него, врзете се себеси и препуштете се на уживањето.

Велика Британија

Кој вели дека чај-партиите се досадни? Приредете му на вашиот партнер чај-партија во градината која ќе му остане засекогаш во сеќавање. Забавата е гарантирана!

Холандија

Додека сте занесени во бавен секс, не заборавајте на вежбите на Кегел. Практикувајте ги за време на пенетрацијата и врвот на задоволството нема да изостане.

Мексико

Во Мексико, жените ја „загреваат“ атмосферата така што партнерот го масираат со коцки лед по целото тело. Испробајте ја мексиканската масажа – можеби ќе ви се допадне вам, а и на партнерот.

Германија

Практикувајте „валкани разговори“ за време на сексот за една ноќ. Можеби ризикувате да не го видите вашиот партнер никогаш повеќе.

Италија

Еднаш неделно практикувајте секс преку Скајп, дури и ако живеете во ист град.

Франција

Водете љубов на високи потпетици. Имено, сексот во чорапи го убива либидото, но ако тука се штиклите, ефектот е совршен.

Бразил

Пред орално да го задоволите партнерот, во устата ставете малку мед и пијте топол чај. Почекајте медот да се стопи и почнете со оралниот секс.

Шпанија

Испробајте го „краеца“ сексот во кој нема да доживеете оргазам. Целта е во тоа во секој момент да го чуствувате секое движење и допир, без оглед на тоа дали тоа ќе ве однесе до целта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top