| четврток, 6 декември 2018 |

НАСА објави мапа од најзагадените места во светот

НАСА направи мапа која ги илустрира местата во кои се нациите со највисока стапка на прерана смрт поради загадувањето на воздухот. Мапата ги споредува податоците од први јануари 1850 година, и први јануари 2000 година и покажува просечен број на смртност на 1.000 километри квадратни годишно.

Според описот на НАСА, во темните подрачја стапката на луѓе кои прерано умираат е повисока од оние места кои на мапата се обележани со посветла боја. Сините го покажуваат  квалитетот на воздухот во однос на 1850 година и намалувањето на бројот на прерани смртни случаи.

Експертите не се изненадени што најтемно обоените на мапата се земјите од Азија. Загадувањето во Кина секогаш е актуелен проблем, а неодамнешната студија ги поврза прераните умирања во оваа земја со согорувањето на јаглен во северните делови на земјата.

Истражувањето, на чија основа е направена мапата, спроведено е од Џејсон Вест, доцент на науки за зачувување на природата на Универзитетот во Северна Каролина, а објавено е во весникот „Енвајроментал рисерч летерс„.

Се проценува, дека како последица на загадениот воздух, годишно умираат 2,1 милиони лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top