| четврток, 6 декември 2018 |

Четврток – ден создаден за кафе на есенското сонце

esenskosonce10

Прекрасно сончево и топло време не очекува во четвтриот ден од оваа недела. Повторно речиси без ветер ќе помине денот во поголем дел од Македонија, а и онаму каде што ќе го има ќе биде многу слаб – вели прогнозата на Метеопро. Температурниот максимум  во најголем дел од земјава ќе биде во пораст за разлика од вчера за околу 2°С. Долж Повардарието температурата ќе достигне максимални 28°С на север, а на југ во Гевгелија  32°С  Во котлините од источниот дел на земјава до максимални 30°С, а во Пелагонија до 28°С. Во Охрид и Преспа до максимални 27°С. На повисоките места во западниот дел од земјава температурата ќе достигне максимални 23°С, а во источните до 27°С.

Во Скопје ќе имаме сончево време со многу слаб ветер. Максималната температура  ќе достигне до 28°С.

И викенд прогнозата е слична – повеќе сонце отколку облаци во последниот викенд од септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top