| четврток, 6 декември 2018 |

Фени Индустри го промовира тимот

Во Кавадарци немаат намера да се откажат од нови трофеи и затоа го обновија тимот за продолжение од сезоната

Освојувачот на три од последните пет титули во македонската машка кошаркарска лига Фени Индустри во првите два дена од февруари ќе го претстави тимот со кој ќе се обиде да ја врати титулата во Кавадарци. В петок и в сабота во салата Јасмин ќе се одржи петтиот меморијален турнир Димитар Ѓеорѓиев на кој покрај домаќинот учествуваат и прволигашите Стримица и Кожув, и второлигашот Карпош Соколи.

Во текот на зимската пауза Фени го смени трeнерот, по шест години замина Емил Рајковиќ и дојде црногорецот Миодраг Кадија кој веднаш ги ангажираше Србинот Никола Вучуровиќ, како и Американците Кори Мекинтош и Каран Калхун, а во екипата останаа искусните Самарџиев, Соколов, Трајковски и Кнежевиќ.

Кавадарчани до нова година остварија 6 победи и имаат три порази, но третото место не им гарантира настап во Супер лигата во која ќе играат петте најдобри од првата фаза и МЗТ Скопје. Фени Индустри на 9.февуруари во првото коло од продолежението, вкупно десетто гостува во Скопје кај Работнички.

Меморијален кошаркарски турнир Димитар Ѓеорѓиев, Кавадарци:

Петок:

Кожув-Карпош Соколои (17.00)

Фени Индустри- Струмица (19.00)

Во сабота во истите термини се натпреварите за пласман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top