| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарски министер земал социјална помош во Франција, а работел во Бугарија

ivan danov

 

Министерот за инвестиции на Бугарија Иван Данов добивал пари како надоместок за невработеност во Франција каде што бил пријавен како социјален случај, иако живеел во Бугарија и бил редовно вработен.

Актуелниот бугарски министер од 2004-та до 2005-та година добил надоместок во износ од 15 илјади евра од француската асоцијација Аседик. Данов немал право на овие пари, но ниту Франција, ниту Бугарија не биле заинтересирани за случајот, пишува францускиот весник „Експрес“.

Експрес критикувајќи го бугарскиот политичар пишува дека „малку министри во цела Европа можат да се пофалат со такво искуство да бидат запишани во бирото за вработување по отпуштањето од економски причини, и за тоа да добиваат помош за невработеност“ од 1850 евра месечно. Згора на се, тој немал право на овие пари, затоа што додека земал помош од француската држава, тој работел на различни позиции во Бугарија, без да ја информира француската влада. Данов сиве овие години ја премолчувал оваа случка од својот живот, во периодот кога живеел во Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top