Бугарија забрани увоз на овошје и зеленчук преку граничниот премин Делчево, а извозниците се затекнати од одлуката на бугарската царина.
Известувањето извозниците го добиле минатиот петок и сега за да ги извезат сливите треба да одат 150-200 км до Крива Паланка или Струмица, што значи и трошоци до 200 евра од камион, пренесува ТВ Стар.
За оваа одлука од бугарска страна стопанствениците ја известиле македонската царина.
Забрана за увоз на одреден вид стоки преку граничниот премин кај Делчево имаше и пред две години, кога беше забранет увозот на сточна храна, со образложение дека бугарската царина нема соодветна фитопоатолошка служба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



