| четврток, 6 декември 2018 |

„Версаче“ не е на продажба

И покрај шпекулациите кои се шират во јавноста, „Версаче“ не е на продажба. Ова го соопшти генералниот менаџер Санто Версаче на прес-конфренција демантирајќи дека модната куќа бара купувач.

– Не сум разговарал со никого за продажба на моите акции и не сум заинтересиран тоа да го сторам. Модната куќа не е на продажба – изјави Санто Версаче.

Не е тајна дека прочуената модна куќе консултира повеќе банки со цел да излезе на крај со финансиските потешкотии кои се појавија минатата година. Шпекулациите се движат во насока дека постојат потенцијални купувачи од Катар и Далечниот Исток.

Сестрата на Санто Версаче, Донатела е сопственик на 20 отсто од акциите, а нејзината ќерка, Алегра има 50 отсто од акциите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top