| четврток, 6 декември 2018 |

Македонец обвинет за злосторство врз цивили во војната во Хрватска

Vukovar

Македонец е обвинет од страна на Жупаниското државно обвинителство во Шибеник за злосторство врз цивили направено во декември 1991-ва година во хрватскиот град Дрниш.

Според обвинителството, Македонецот како поручник во ЈНА, со уште шестмина војници упаднал во куќа на постари сопружници во Дрниш. Мажот бил удиран со раце, нозе и кундаци, додека жената кога почнала да повикува помош, исто била физички нападната. Поручникот е обвинет и дека ја силувал.

На сите им е одреден притвор и е распишана потерница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top