Во работните простории на Археолошкиот локалитет Стоби се одржа специјалистичка обука-стручно техничко советување на тема: „Консолидација на камен и камени градби“, еден од најголемите собири на конзерватори и реставратори на територијата на Република Македонија. Обуката беше изведена на највисоко ниво, предавањата ги водеше проф. Леонардо Борџоли, врвен конзерватор- хемичар од Фиренца Италија. Се презентираа најсовремени материјали во оваа област , како нано малтери и слично, а интерактивниот пристап овозможи Македонските конзерватори лично да ги пробаат и во пракса да се увераат во нивните својства како и да дискутираат за нивната примена. На оваа стручна обука присуствуваа преку 50 конзерватори од сите конзерваторски центри и музеи од Република Македонија. Исто така и сите директори на овии институции дискустираа со стручни лица од Италија за можностите за имплементација на современата опрема во македонските институции. Гости беа преставници од Министерството за култура и Управата за заштитат на културното наследство. Во рамките на ова случување, Националната Установа Конзерваторски Центар Скопје, организираше работилница на тема „Методологија на конзерваторско реставраторска постапка за непосредна заштита на движните и недвижните културни добра“ водена од г-дин Латив Озел конзерватор-хемичар од Музејот на анатолски цивилизации од Анкара.
Учеството на стручните лица беше бесплатно , што овие обуки ги направи достапни да Македоските конзерватори и несомнено позитивно ќе влијае на нивната натамошна работа и на зачувувањето на културното наследство во целина.
Настанот се одвиваше во организација на АКАДЕМИЈА РЕСТАУРО , како специјализирана компанија во областа на конзервацијата и реставрацијата во соработка со ЦТС – најголемиот производител на конзерваторско реставрорска опрема во Европа и НУ Конзерваторски Центар Скопје со подршка од Управата за заштита на културното наследство и НУ Археолошки локалитет Стоби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.