Под мотото „Заедно создадаваме КРУГ НА ХУМАНОСТА“, в сабота, 28 септември 2013 година, во периодот меѓу 10.30 и 17 часот, граѓаните и посетителите на Скопје ќе можат со донирање метални парички поставени една до друга да создадат огромен круг околу спомен-куќата на Мајка Тереза во Скопје.
Собраните средства од формираниот „Круг на хуманоста“ ќе бидат донирани за подобрување на условите за живот во станбените објекти во кои живеат млади лица без родители, кои по наполнувањето на 18 години го напуштат Домот за деца без родители, и живеат во изнајмени станови за кои трошоците ги покрива ВРМ.
Хуманитарниот настан „Круг на хуманоста“ го реализира Центарот за институционален развој (ЦИРа) како една од активностите на одбележување на десетгодишнината од своето постоење, во соработка и со поддршка на спомен-куќата на Мајка Тереза и Министерството за труд и социјална политика.
Една од причините за организирањето на „Круг на хуманоста“ во спомен куќата на Мајка Тереза е и првото одбележување на Меѓународниот ден на милосрдието, 5 септември во целиот свет.
Во образложението потпишано од Генералниот секретар на Обединетите нации, г. Бан Ки Мун, овој ден е одбран за одбележување на годишнината од смртта на универзалната икона на милосрдието, нашата сограѓанка Гонџа Бојаџиу, која точно пред 85 години го напушта родното Скопје за да се посвети на својата мисија и да им служи на најсиромашните меѓу сиромашните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Лила во хуманитарна акција: Во денешно време тоа што ни остана е да покажеме дека сме луѓе !
-
Концерт во чест на Денот на Св. Мајка Тереза
-
Тодоров: Со изградба на новиот клинички центар ќе се постават нови стандарди за квалитет на здравството
-
Собрани сретства на хуманитарен базар за децата од Домот без родители „11 Октомври“