| четврток, 6 декември 2018 |

Ватерполистите ќе бидат нашиот екипен адут за Медитеранските игри

Покрај дебито на Медитеранските игри ватерполистите ги очекува и одбрана на брозната од Универзијадата во Кина пред две години

Ватерполистите кои единствени, покрај ракометните селекции, се постојани учесниници на големите натпреварувања се подготвуваат за настап на 17. Медитерански игри што во периодот од 20 до 30 јуни годинава ќе се одржат во турскиот град Мерсин. Нашата најдобра селекција нема собир од минатогодишните олимписки квалификации во Едмонтон кога шансата за настап во Лондон ја загубивме во четвртфиналето и по поразот од Шпанија, но сите рапрезенативци се подготвени за учество во новата акција.

Со сите сме во контакт, тоа значи и најважните играчи од познатите лиги и повторно ќе можеме да оформиме респектибилен тим. На линија сме и со Бениќ, Ранџиќ, Басара и со другите-вели долгогодишниот капитен, селектор и помошник Сашко Поповски.

Доколку се обезбедат средства, а тоа е најсериозен проблем за Пливачката федерација во моментов македонското ватерполо ќе дебитира на Медитеранските игри, а тоа што е можеби и поважно, нам во текот на летото, практично многу брзо потоа (6-17 јули), ни престои и учество на Универзијадата во Казан, Русија каде треба да го браниме бронзениот медал од предходниот студентски самит во кинескиот Шенжен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top