Албанската телевизија Топ-Чанел емитуваше репортажа за селото Ѓиновец во Голо Брдо каде живеат Македонци, а кое 13 години живеат без струја.
„Жители беа принудени да го напуштат селото да одат во Елбасан, Драч и Тирана. А причината се 2 километри кабел и 20 бандери. Ѓиновец е сиромашно село на изумирање“, пренесува телевизијата.
„Селани се враќаат во Ѓиновец од април до крајот на ноември, кога собираат медицински билки и компири. Луѓето тука живеат со свеќи. За да ги наполнат мобилните телефони, единствената алатка за комуникација тука, одат пешки дури чаас и половина до другото соседно село. Но не е струјата единствен проблем. Ниедна куќа нема водовод внатре во куќата. Проблем е и медицинската нега, за на стигнат на лекар треба да одат повеќе часови до Либражд или до Елбасан. Мали деца оддамна не живеат во селото, бидејќи училиштето е далеку за нив“ се вели во репортажата на Топ- Чанел за селото Ѓиновец во Голо Брдо, Албанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


