| четврток, 6 декември 2018 |

Европските пари за Ромите изчезнуваат во Бугарија и Романија

romi-mk

Помошта што ЕУ им ја доставува на Бугарија и Романија за решавање на социјалните проблеми на Ромите или не се користи за таа намена или исчезнува, тврди францускиот весник „Фигаро“.

– Недостигот на точни податоци за ова прашање, само придонесува за разгорување на полемиката околу ефикасноста и обемот на европските средства наменети за подобрување на животот на Ромите, оценува весникот.

Според податоците на Европската комисија, во периодот од 2007 до 2013 година за помош на Ромите и „другите ранлиив групи“ во своите земји-членки, ЕУ одделила 17,5 милијарди евра.

Ова е значителна сума, па затоа се поставува прашањето како се користат тие милијарди и дали доаѓаат до оние за кои се наменети, наведува „Фигаро“.

Бугарскиот европратеник Ивајло Калфин во изјава за весникот вели дека овие средства постојат, но дека Бугарија и Романија, „каде прашањето со Ромите е најболно, не се способни да ги искористат за конкретни проекти“.

„Фигаро“ ја пренесува и изјавата на главниот уредник на бугарскиот весник на ромски јазик „Дом Дромедар“, Васил Чапразов, кој оценува дека европските средства „се делат меѓу бирократите и придонесуваат за создавање на ромска олигархија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top