| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците меѓу првите кандидати на „Икс фактор“ (ГАЛЕРИЈА)

Започна снимањето на балканската верзија на талент шоуто „Икс фактор“. Помеѓу првите кандидати коишто пристигнаа на нивната аудиција во студиото на „Пинк телевизија“, среќата пред жирито си ја пробаа и неколку македонски кандидати.

x factor 13

Скопјанецот ДУ Кик

Во првата галерија од аудициите на шоуто кое наскоро ќе се прикажува низ целиот Балкан, го препознавме и македонскиот пејач Филип Јаневски – Фифи.

fifi x factor

Фифи

Препознатлив по својот ексцентричен изглед, Фифи кој обожава да ја шокира публиката со своето феминизирано однесување и облека, се појави пред преполната сала и четиричленото жири составено од Жељко Јоксимовиќ, Емина Јаховиќ, Кристина Ковач и Кики Лесендриќ.

Меѓу кандидатите го препознавме и српскиот пејач Никола Пауновиќ, познат по шоуто „Операција триумф“, кај нас и по дуетот со Дарко Илиевски на „Макфест 2011“.

x factor nikola paunovic

Никола Пауновиќ

Дали ги доби потребните гласови за да помине и во втората рунда ќе дознаеме наскоро. Како што е најавено, шоуто започнува со емитување на „Сител“ на 22 октомври.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top