
Професорот Дон Самуелсон е суспендиран од работа затоа што со камера снимал студентки под сукња. Шеесет и петгодишниот професор на ветеринарниот факултет на универзитетот во Флорида бил фатен откако во неговата канцеларија било најдено пенкало со камера за кое се претпоставува дека било искористено да се направат неколку спорни видео снимки. Бил пријавен од студентка која тврдела дека и го снимал деколтето.
Полицијата нашла неколку снимки со студентки, но и од вработени на факултетот, како и у ес бе со порнографски материјали. Приведен е поради „видео воајеризам“.
Според некои медиуми, професорот тврдел дека ги снима девојките за да докаже дека не носат долна облека, според други затоа што сакал да докаже дека една одредена жена не носела гаќи. Трети тврдат дека признал оти тоа го сторил од забава и сексуално возбудување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Студентите три дена кампуваат пред „Стив Наумов“ и Кузман: Списоци има, домовите неспремни за вселување (галерија)
-
Одбележани 67 години од убиството на петтемина струмички студенти
-
Концерт на Македонската филхармонија и студенти од ФМУ
-
Иселените млади ќе ги враќаа, а на студентите им кратат од храната: Владата на СДСМ го укина појадокот во студентските домови


