| четврток, 6 декември 2018 |

Хамлет во пикантен сос вечерва во Театар комедија

Hamlet vo pikanten sos (2)

Претставата „Хамлет во пикантен сос“ од Алдо Николај, во режија на Александра Кардалевска вечерва ќе биде изведена во Театар комедија Скопје.

Во претставата играат Јелена Жугиќ, Крсте Јовановски, Роберт Ристов, Зорица Стојановска, Кристина Ласовска, Жарко Димоски, Ердоан Максут, Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски-Тино и Илија Илиоски. Дебитираат сценографот Стефан Спировски и костимографот Маја Димовска, а композитор е Оливер Јосифовски.

Театар комедија-Скопје работи околу три години и ги користи просториите на Драмскиот театар. Од следниот месец почнуваат да ја подготвуваат третата претстава, одобрена од Министерството за култура, во режија на Синиша Ефтимов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top