Информатичкиот гигант Google во Њујорк го претстави новиот портал на кој се ставени сите устави од целиот свет со цел да им помогне особено на земјите во политичка транзиција.
„Сакавме да ги собереме и да ги организираме онлајн уставите и да ги направиме достапни на универзален начин, за да им бидат од корист на владите кои ќе се најдат во уставна постапка”, објасни Џеред Коен, извршен директор на „Google Ideas”, претставувајќи ја страната www.constitueproject.org во Њујорк , каде неделава се одржува Генералното собрание на ОН.
Иницијативата која поддржува американско-британска универзитетска програма наречена „Компаративен проект на устави”, овозможува пристап до сите устави кои биле на сила во одредени земји до септември 2013 година. Опфаќа повеќе од 350 тематски документи за да се олесни споредувањето на некои прашања, на пример правата на малцинствата или финансирање на изборни кампањи.
Следен чекор ќе биде порталот да се рашири на шест јазици од ОН (англиски, француски, шпански, руски, арапски и кинески).
Една од целите на Google е да ја олесни изработката на Устав за земјите кои излегуваат од политичка криза или вооружен судир.
„Тие устави и тие владини документи се важна прилика за тие земји”, додава Коен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Третиот нацрт-амандман пред Комисијата за уставни прашања
-
Села ќе бара интервенции во Уставот: Во пасошите да стои Албанци/граѓани на Северна Македонија
-
Ванковска: Според Уставот, за одлука за стапување во сојуз или заедница треба 900 илјади гласа „за“
-
Колку пати ќе се додаде „Северна“ на зборот “Македонија“ во Уставот на РМ