Кенискиот претседател Ухуру Кениата прогласи дека опсадата на трговскиот центар Вестгејт во главниот град на Кенија, Најроби, заврши, објави „МКД. мк“.
Во нападот се убиени вкупно 61 цивил, како и пет терористи од напаѓачите, а други 11 се уапсени, рекол претседателот.
Во трговскиот центар во Најроби пред три дена почна драма кога го нападнаа припадници на исламската милитантна група Ал Шабаб, која е поврзана со Ал каеда.
Ал Шабаб ја презеде одговорноста за нападот, наведувајќи дека масакрот е „директна одмазда за воената интервенција на Кенија во Сомалија, каде што војниците на Африканската унија се борат против исламистите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.